Friday, August 12, 2016

Зошто треба да малиот земјоделец да замине во историјата?

Photo Credit: Indianagrain.com 

Македонското земјоделие е едно од најнеефикасните. Многу причини водат до тоа но една од главните е обемот. Претежно македонскиот земјоделец е мал играч. Човек кој работи помалку од 10 хектари, тоа му е единствена егзистенција. Вообичаено македонскиот земјоделец е неефикасен поради тоа што често нивите ги ора со неефикасна механизација, нема пристап до капиталза да набави подобра – која на обемот на кој работи реално и е неисплатливо да се набави. Типичниот македонски земјоделец нема пристап до каптиал затоа што неговото производство е мало, нема визија како да го прошири или направи поефикасно а меѓу другото не се ни труди да ги усвои најдобрите практики во светот за одредена култура. Колку земјдоелци познавате што консултирале професионален земјдоелски инжинер за подобрувњае на производстово? Јас немам сретнато.  Пазарно типичниот македонски земјоделец не може да егзистира и за брзо ќе пропадне финансиски и ќе бара да работи нешто друго. Но тука се вмешува државата која со политика која е пред се социјална а најмалце економска му дава субвенции кои го држат малку со главата над вода. На кратко субвенциите се одземање на пари од ефикасните економски субјекти во економијата и доделување на истиите на неефикасните субјкти во економијата. Ова е типичен пример за уништување на дел од националното богатство. Понатаму државата се вмешува и во преговарањето на цените на пазарот и интервенире во полза на земјоделецот пак повеќе од социјални причини него ли од економски. Го штити со мерки за забрана на увоз, увозни квоти, и други разни мерки за заштита на малиот земјоделец. Земјоделецот не се подобрува а во меѓувреме и деструкцијата на национално богатство продолжува. Државата ќе фиксира цени на одредени производи повисиоко откоклу што се вистинските цени во регионот и ќе забрани увоз. Тоа не е така трагично на прв поглед и е добро за земјоделците. Но пробал некој да отовори живинарска фарма да види колку е тежок бизниснот? Ако можеш да донесеш пченка од Србија по цена од 8 денари за килограм тука ти ќе ја платиш 12 денари. Твојот производ, јајцето или кокоштката ќе биде поскап од производото на Србинот од Нови Сад кој пченката ќе ја купи по цена од 8 денари минус транспорт до Македонија. Србинот од Нови Сад утре ќе излезе на балканскиот пазар и ќе те победи пазарно во пазарот на пилешко месо/јајца. Твојата живинарска фарма ќе пропадне. Ќе пропадне индустријата на живинарство. Со неа по вода ќе замини и целата месна индустрија која ќе можеше да егзистира доколку имаше живинарство во Македонија. Овие индустрии нема да постојат или нема да бидат конкуретни само затоа што си пробал да го спасиш” земјоделецот. Спасуваќи го земјодлецеот ти уништи цели индустрии.
Ова е само еден пример како “помошта од субвенции, немањето еднаков даночен третман, како и мерките за заштита и фиксирање на цени бришат цели сектори од економијата и ги прават неконкурентни. Логиката е иста за сточнот- кравите и млечната индустрија, мелничарите и житото и пекарите, патиџаните и конзервната индустија. Еден куп индсутрии се мали, неконконкуренти или непостоечки само затоа што државата интервенира во пазарот. Еден куп луѓе во Македонија прават нешто кое не приходува средства доволно за нив и остатокот од луѓето во Македонија кои прават нешто што вади доволно морааат да ги помагаат. Имаме ангаржирана работна сила од -тропам од ракав- 300.000 земјоделци кои трошат национално богатство а не произведуваат.
Што е решението тогаш? Решението е малиот земјоделец  да замине во историјата. Решението е да го соочиме земјоделецот со пазарот каде што за кратко ќе свати дека така веќе не оди, ќе ги даде нивите на продажба и ќе бара егзистенција во некоја друга област. Укини субенции, воведи еднаков даночен третман, прекни да се мешаш во фиксирање цени, укини ги сите мерки на заштита на домашното производоство и по неколку години ќе имаш многу земја дадена на продажба. Ќе се најдат луѓе што ќе се занимаваат професионално со земјоделие, ќе купат или изнајмат големи површини на земја, но ќе купат и ефикасна механизација,ќе најмат земјоделски инжинери, ќе купат најквалитетни семиња, ќе направат системи за наводнување. Ќе направат земјодлеско производстово кое ќе биде конкуретно. Тоа ќе осолбоди работна сила која ќе велзе на пазарот и ќе го понуди својот труд. Ако во едно село земјата ја обработуваја 50 луѓе сега ќе ја обработува еден кој ќе заработува доволно за себе а останатите 50 ќе работат нешто друго што всушност ќе носи бенефити за нив и за општеството. Малиот земјоделец ќе има неколку тешки години додека најде од што да егзистира, но тоа ќе бидат тешки неколку години а не тежок живот и пак да биде терет на општестовот. Новите индустрии кои ќе никнат поради конкурентното производство ќе бидат места каде што земјоделците ќе можат да работат. Општеството и економијата ќе порсатат, ослободуваќи ја моќта на пазарот да создава национално богатство.

Ова се болни структурни реформи  чија крајна цел ќе биде побогата и попросперитетна држава, а не земјоделие кое не оди напред, не индустрии кои никаде ги нема на светско ниво затоа што се неконкуретни, и НЕ 300.000 популација ангажирана во деструкција на национално богатство.

No comments:

Post a Comment