Wednesday, August 31, 2016

Минимална плата во Македонија, коментар на колумна



Почитуваниот професор Драган Тевдоски објави колумна во врска со минималните плати. Можете да ја прочитате тука.

Сакам да искоментирам некои од поентите на колумната и некои од проблемите на законите за минимална плата...

Неколку проблеми гледам
1. Има работници кои тогаш почнуваат да ја учат работата, немаат поим од ништо и не му вредат на работодавачот ни 2.000 денари месечно. Тој ги плаќа со месеци за еден ден од нив да извади кадри кои ќе бидат корисни и ќе заработуваат повеќе од платата. Претежно млади луѓе. Минималната плата е најголем пробелм за невработенста на младите. Ризик е да земеш работник за да го учиш, инспецијата ти бара да те пријавен и да работи 8 сати. Тој реално треба да ја учи работата по 12 сати и во тоа време работодавачот не заработува ништо од него туку напротив троши време и ресурси да го обучи.
2. Синдикатот одредил 32.000 трошоци за минимален живот. Секое сетирање на она што е минмално за живот од страна на некој експерт е смешно.  Прво затоа што во светот нема правила што е минимално. Минмално за некој во Конго е 80 грама ориз во еден ден, во Македонија можеби векна леб, калап сирење и кинески смартфон, во норвешка и данска можеби ќе стават и ајфон и голф 6ка во минмалните неопходности за живот. Минмалните трошоци за живот се одредени од реалноста а не од синдкатот, а реалноста е дека ако некој работи и со тоа не може да преживее или нема да го работи тоа повеќе или ќе се исели некаде каде што може да преживее.
3. Најповредени од закон за минимална плата се уствари оние чии вештини пазарно вредат помалце од таа минимална плата. Нивините страдања никој не ги брани, оти тие лутаат од фирма на фирма и молат за работа која никој не сака да им ја даде. Дури и тие сакаат повисока минимална плата за ако некогаш се вработат да ја добијат, но за жал многу не ја имаат добиено затоа што постои закон за мининмална плата.
3.Кои се мотиви- Incentives за напуштање на секторот, индустирјата и одење на нешто подобро? Намалување на волјата на текстилнот работник да работи кон нешто подобро и  нешто поголемо.Да стекне нови вештини и да се пласира на пазарот поинаку и пред се поскапо.???. Истиот случај како со субвенциите за земјоделците...
3. 1900 денари да плати државата од буџетот а не од пензиските фондови за индустијата кожа, текстил и облека ефективно субвенции за компаниите кои ќе овозможат оваа индустрија да продолжи да постои (идеално со постигунување на развој ваквите индустрии исчезнуваат и се преместуваат во други држави - На запад нема текстилна индустрија освем нешто high-end..) Целта не е индустријата да исчезне со декрет за висока минмална плата и да стане неисплатлива, целта е индустирјата за исчезне затоа што нема да може да ја плати платата која ја бараат работниците на пазарот а не таа одредена со декрет. Тоа може само пазарно.
4. И конечно, платите се формираат на пазарот а не во собрание.. Има примери кога работници враќаат на фирмата дел од својата минимална плата затоа што така се спогодиле да работат, и има фирми кои плаќаат повеќе од минимална плата. Никој никого не принудува на ништо, се е ствар на слободна волја и слободен договор меѓу работодавач и работник.
5. Она за што треба да се бориме е намалување на ефективните 37%-38% задршка од бруто износот на платата  од страна на државата. Тие пари да останат во стопанството и не грижете се кај ќе завршат (инциденца)- дали во плата или профит. Или ќе се инвестираат или ќе се потрошат, во секој случај подобро од тоа да завршат во рацете на државата.


Saturday, August 13, 2016

Судење со порота. Зошто е поправедно?



Во САД за поголеми случаи споровите се решаваат со судење со порота. Поротата се состои од случајно селектирани граѓани кои потоа се повикуваат на накрсно испрашување од двете страни во спорот и подлежат на детални проверки. Судијата во процесот е медијатор и одлучува по барањата на адвокатите. Адвокатите поради разни прични можат да ги дисквалификуваат поротниците и да бараат некој друг да биде поротник, имаат и по неколку џокери кога можат и без причина да ги дисквалификуваат поротник. На крајот двата тима на адвокати треба да се се согласат на 6 луѓе од добар карактер кои ќе ја донесат пресудата. Кога овај воадиар процес заврши, следи судењето во кое адвокаките се борат да докажат пред проротата дека нивната страна е во право. Во текот на докажувањето судијата може да прифати или отфрли нешто како доказ по разни основи. На крајот поротниците се затвараат во една соба каде што со записникот од доказите ја носат одлуката.

Сакам да пишувам за предностите на судењто со порота.
-Една од предносите е што е многу тешко да подмитиш и корумпираш порота. Тоа се луѓе избрани за едно судење и за еден случај и има строги казни за комуникација со нив надвор од судницата. Не е невозможно, но кога ќе ги споредиш со судија кој можеби 20 години на работната позиција и прима мито за секој случај што му паѓа пред него???
-Портата има симпатија. Вообичаено малиот, слабиот, и немоќниот има повеќе симпатии од портота одколку крупниот, моќниот и богатиот.. Тоа е затоа што поротата е вообичаено составена од обични граѓани.Не е битно колку си ти богат и моќен и колку е оштетениот сиромав и слаб, твојата судбина е во рацете на обични граѓани кои ќе одлучат кој е во право и дали треба да платиш оштета. Ова дава одреден сенс на "правда" каде што и малиот може да победи.
-Сите се плашат од порота, големите повеќе. Од портата сите имаат страв, прво затоа што не можат ништо да предвидат. Второ големите се плашат повеќе затоа што извлекуваат помалку симпатии од поротата. Ова води до тоа многу од случаите никогаш да не стигнат на суд туку да се решат со спогодба.
-Има дополнителен сенс на правда затоа што двете страни се согласиле кој да биде поротник.
-Адвокактите значат. Адвокактите треба да бидат добри оратори кои ќе ја убедат поротата дека нивниот клиент е во право. Тие нема да се соочат со судија со кого не се блиски, нема да стекнат клиенти на база да блиски врски со судиите.
-Поротата ја ограничува моќта на државата. Замислете политичар обвинет за тежок корупциски скандал? Ќе го суди народна порота. Многу потешко ќе му биде да го "нареди" судењето.

Како слабости на портата се наведуваат тоа што поротниците немаат формално образование во право- нешто што не мислам дека е некаков хендикеп затоа што судијата може да му ги објасни сите правни аспекти. Исто така во етнички поделени општества проблем е да се изберат поротнци затоа што луѓето се делат по етнички линии.

На крај ќе завршам со еден пример. Сигнал Интернешнл беше компанија со средства вредни $72 милиони долари. Најмила работници од Индија кои дошле во САД со виза да работат само во нивната фирма. Му се заканувала со депортација на работнците и ги сместила во тесен простор за живеење кој им го наплаќала скапо. Ги третирала нехумано (немало насилство) имало понижување и лоши услови за живот. После тужба од страна на 5 индиски работнци, народна порота одлучи, да додели  $14 милиони долари оштетата на 5 сиромашни индиски емигранти..
Јас мислам дека ваков случај во Македонија немало, а нема и да видиме за скоро. Не мора со исти бројки, ете да скратиме по една или две нули. Нека се случи 5 многу сиромашни луѓе да го тужат газдата на на фирма вредна 700 илјади евра и нека успеат да извлечат 140.000 евра оштета. Мислам дека тоа не е возможно додека не воведеме народна порота како во Америка.


За случајот со Сигнал Интернешлн и со Индиските работници можете да прочитате тука: 

Friday, August 12, 2016

Зошто треба да малиот земјоделец да замине во историјата?

Photo Credit: Indianagrain.com 

Македонското земјоделие е едно од најнеефикасните. Многу причини водат до тоа но една од главните е обемот. Претежно македонскиот земјоделец е мал играч. Човек кој работи помалку од 10 хектари, тоа му е единствена егзистенција. Вообичаено македонскиот земјоделец е неефикасен поради тоа што често нивите ги ора со неефикасна механизација, нема пристап до капиталза да набави подобра – која на обемот на кој работи реално и е неисплатливо да се набави. Типичниот македонски земјоделец нема пристап до каптиал затоа што неговото производство е мало, нема визија како да го прошири или направи поефикасно а меѓу другото не се ни труди да ги усвои најдобрите практики во светот за одредена култура. Колку земјдоелци познавате што консултирале професионален земјдоелски инжинер за подобрувњае на производстово? Јас немам сретнато.  Пазарно типичниот македонски земјоделец не може да егзистира и за брзо ќе пропадне финансиски и ќе бара да работи нешто друго. Но тука се вмешува државата која со политика која е пред се социјална а најмалце економска му дава субвенции кои го држат малку со главата над вода. На кратко субвенциите се одземање на пари од ефикасните економски субјекти во економијата и доделување на истиите на неефикасните субјкти во економијата. Ова е типичен пример за уништување на дел од националното богатство. Понатаму државата се вмешува и во преговарањето на цените на пазарот и интервенире во полза на земјоделецот пак повеќе од социјални причини него ли од економски. Го штити со мерки за забрана на увоз, увозни квоти, и други разни мерки за заштита на малиот земјоделец. Земјоделецот не се подобрува а во меѓувреме и деструкцијата на национално богатство продолжува. Државата ќе фиксира цени на одредени производи повисиоко откоклу што се вистинските цени во регионот и ќе забрани увоз. Тоа не е така трагично на прв поглед и е добро за земјоделците. Но пробал некој да отовори живинарска фарма да види колку е тежок бизниснот? Ако можеш да донесеш пченка од Србија по цена од 8 денари за килограм тука ти ќе ја платиш 12 денари. Твојот производ, јајцето или кокоштката ќе биде поскап од производото на Србинот од Нови Сад кој пченката ќе ја купи по цена од 8 денари минус транспорт до Македонија. Србинот од Нови Сад утре ќе излезе на балканскиот пазар и ќе те победи пазарно во пазарот на пилешко месо/јајца. Твојата живинарска фарма ќе пропадне. Ќе пропадне индустријата на живинарство. Со неа по вода ќе замини и целата месна индустрија која ќе можеше да егзистира доколку имаше живинарство во Македонија. Овие индустрии нема да постојат или нема да бидат конкуретни само затоа што си пробал да го спасиш” земјоделецот. Спасуваќи го земјодлецеот ти уништи цели индустрии.
Ова е само еден пример како “помошта од субвенции, немањето еднаков даночен третман, како и мерките за заштита и фиксирање на цени бришат цели сектори од економијата и ги прават неконкурентни. Логиката е иста за сточнот- кравите и млечната индустрија, мелничарите и житото и пекарите, патиџаните и конзервната индустија. Еден куп индсутрии се мали, неконконкуренти или непостоечки само затоа што државата интервенира во пазарот. Еден куп луѓе во Македонија прават нешто кое не приходува средства доволно за нив и остатокот од луѓето во Македонија кои прават нешто што вади доволно морааат да ги помагаат. Имаме ангаржирана работна сила од -тропам од ракав- 300.000 земјоделци кои трошат национално богатство а не произведуваат.
Што е решението тогаш? Решението е малиот земјоделец  да замине во историјата. Решението е да го соочиме земјоделецот со пазарот каде што за кратко ќе свати дека така веќе не оди, ќе ги даде нивите на продажба и ќе бара егзистенција во некоја друга област. Укини субенции, воведи еднаков даночен третман, прекни да се мешаш во фиксирање цени, укини ги сите мерки на заштита на домашното производоство и по неколку години ќе имаш многу земја дадена на продажба. Ќе се најдат луѓе што ќе се занимаваат професионално со земјоделие, ќе купат или изнајмат големи површини на земја, но ќе купат и ефикасна механизација,ќе најмат земјоделски инжинери, ќе купат најквалитетни семиња, ќе направат системи за наводнување. Ќе направат земјодлеско производстово кое ќе биде конкуретно. Тоа ќе осолбоди работна сила која ќе велзе на пазарот и ќе го понуди својот труд. Ако во едно село земјата ја обработуваја 50 луѓе сега ќе ја обработува еден кој ќе заработува доволно за себе а останатите 50 ќе работат нешто друго што всушност ќе носи бенефити за нив и за општеството. Малиот земјоделец ќе има неколку тешки години додека најде од што да егзистира, но тоа ќе бидат тешки неколку години а не тежок живот и пак да биде терет на општестовот. Новите индустрии кои ќе никнат поради конкурентното производство ќе бидат места каде што земјоделците ќе можат да работат. Општеството и економијата ќе порсатат, ослободуваќи ја моќта на пазарот да создава национално богатство.

Ова се болни структурни реформи  чија крајна цел ќе биде побогата и попросперитетна држава, а не земјоделие кое не оди напред, не индустрии кои никаде ги нема на светско ниво затоа што се неконкуретни, и НЕ 300.000 популација ангажирана во деструкција на национално богатство.