Најактуелно е сега висината на субвенците што се дадени на странците. Воглавно владата излезе со т.н тро-столбна анализа во која тврди дека вкупниот трошок за вработените во зоните е 225 милони евра односно поделено вака
1. Кеш пари дадени на странски инвеститори 26 милони евра,
2. Ослободување од давачки 69 милиони евра
3. Промоција и привлекување инвестции - 130 милони евра...
Од ВМРО излегоаа до тврдења дека тие 130 милони евра не влегуаат во математика. Небитно кој е во право дали тие влегуваат или не во целата калкулација за трошокот за стански инвестиции. Ќе пробам преку една ментална гимнастика и низ претпоставки да видиме колку се исплатливи тие субвенции..
Прво во зоните се смета дека работат помеѓу 20.000 и 25.000 вработени, како два екстреми на двата полтички блока. За да бидеме неутрални ќе речеме 22.500 дека се вработени со субвенциите. Друго, во тие инвестиции од муабети знајме дека платата е барем 200-250 евра за неквалификуванта работна сила и нешто повеќе за останатите. Ќе земеме дека просечна плата е 250 евра. Во тој случај вкупна годишна плата е .... 22.500х250х12= 67,500,000 евра годишно како конзервативна проценка.
Ако ја гледаме како затворен систем македонската економија тие 68 милони евра се чист прилив, т.е влегуваат од надвор во државата и се девизни приливи. Знаеме дека се чисти затоа што има висока стапка на невработеност а извезниот прозивод за тие пари е труд. Така да слободни ресурси пласираме. Т.е И после продавањето на тој труд, ние сеуште имаме слободен труд достапен за вработување.
Разумно е да се претпосатви дека поголем дел од таа плата ќе биде потрошена, т.е скоро цела ,затоа што склоноста кон трошење е поголема на тие нивоа на доход (250 еур). Тогаш знаеме дека владата секундарно ќе ги оданочи тие 68 милони евра кога ќе бидат потрошени. Ќе ги оданочи со ДДВ. Со колку ДДВ ќе ги оданочи се поставува прашањето? Ако се минатите 13 години некаква индикација тогаш ќе го оданочи со 9.82%. Подолу има график со фисклани приходи како функција на финална потрошувачка. Се гледа дека за дадена промена на финална потрошувачка - промената во ДДВ приходите е (0.0982 х финална потрошувачка).
Ова значи дека можиме да претпоставиме дека 9.82% од тие 68 милони евра највероватно ќе завршат во буџетот. Но дали само 9.82% ? Реално е да се претпостави дека дел од тие пари ќе бидат потрошени кај домашни субјекти кои понатаму повторни ќе ги потрошат. И на крајот или ќе завршат во увозни производи и "ќе не напуштат" или ќе бидат тргнати настрана за да бидат потрошени некој друг ден.
Колку пати ќе бидат потрошени?? Прашањето што сакаме да си го поставиме е колку пати се зголемува финалната потрошувачка во Македонија за дополнителна единица девизни приливи. Како апроксимација т.е прокси на ова земаме приливи на секундарен доход односно најголем дел од нив се лични трансфери од странство.
Се гледа дека финалната потрошувачка расти 3х за 1 денар девизни дознаки. (Податоците се од минатите 13 години).
Сега можеме да видиме дека фискалниот приход од ДДВ треба да порасни за 3,02 х 0,0982 = 0,2965 за 1 денар дополнителни девизи. Ова значи дека државата во просек треба да собира 20 милони евра во ДДВ кога ќе се потрошат платите на вработните во зоните.
Колку и се исплаќаат странските инвестции на државата? Видете сами. Ако ја земиме целата сума сосе тие 130 милони евра, државата парите ќе си ги врати за најмногу 11 години. Ако, како што тврди ВМРО ја отфрлиме бројката од 130, тогаш државата парите ќе си ги врати од ДДВ за најмногу 4.7 години. Клучно е тука дали едно работно место отворно во зоните ќе трае повеќе од 5 или 10 години. Ако трае, инвестицијата од чисто буџетски аспект ќе се исплати.
Ова е од аспект на буџетот. Од аспект на целата економија би било прекомплексно да се изанализра.

