Tuesday, October 4, 2016

Козервативец или либерал?



Конзервативец или либерал? Која е основната суштинска разлика?? Според мене се е во начинот на сочуствување со другите индивидуи. Додека еден либерал ќе зборува за некоја трагична индивидуална судбина и ќе лупа на маса барајќи правда за таа индивидуа, конзервативецот сочуствува со човечкиот вид и бара правда за опстанок и напредок на човечштвото. Либералните медиуми ќе туркаат приказни за обесправени индивидуи и категории додека козервативците ќе се фокусираат на големата слика и статистиката. Според тоа конзервативците имаат поголема општествена совест, додека либералите се фокусираат на категории и индивидуи занемаруваќи го остатокот од општеството и неговите потреби. На некој начин лесно е да се здружат категорија земјоделци кои се 300.000 и делат судбина, и да бараат субвенции, додека е тешко да се здружат останатите 1.7 милиони кои се диверзификувана група и кои ќе ги платат тие субвенции. Конзервативците според тоа го имаат во нив она Вулканското од Стар трек кое вели "потребите на многуте пред потребите на малкуте". Сепак штета што луѓето не се доволно информирани и не сваќаат дека општествената равенка диктира кога ќе се објави мерка " Владата ќе помогне на (категорија граѓани)", всушност ако не сте во таа категорија вие сте тие на чиј терет ќе падне помошта(а такви се повеќето). На крајот несваќањето на фискалната равенка и добронамерното сочуство кон тие кои се помага ги прави повеќето да викаат ура а сепак се оштетени. На сите политичари што сакаат да прават добри дела со туѓи пари им порачувам тоа да го прават со сопствените средства и да не наметнуваат "донации" од едни кон други граѓани принудно.

No comments:

Post a Comment